Нивото на Дојранското Езеро е 13 сантиметри над максималниот водостој, а на Охридското Езеро е четири сантиметри над максимумот, покажуваат најновите хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Кај реките скоро двојно е зголемен водостојот на Вардар кај Велес и кај Зајчев Рид, на Црна Река кај Новаци и на Треска кај Македонски Брод. Намалување на нивото во споредба со просекот за јули има само кај Црн Дрим кај Ложани.