Осум нови заразени од морбили се регистрирани последната недела на подрачјето на општина Струга, со што бројката се искачи на 49 заболени, информира денеска Јованка Сурлакова – Коровешовска епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид.
Возрасната група останува од три месеци до 50 години. Меѓу осумте нови заболени од последната недела шест се на возраст од 40 до 50 години, а две се деца до една година.
–Меѓу заболените нема деца кои требало да бидат вакцинирани, ниту школски деца. Децата се до една година и не подлежат на вакцинација со МРП, а возрасните се од 40 до 50 години, возраст кога опаѓа имунитетот, изјави Сурлакова-Коровешовска.
Според неа, бројот на заболени се очекува да расте по блиски контакти со заразените лица.
– Најдобра превентивна мерка е вакцинацијата. Сите кои не се вакцинирани да се вакцинираат. Родителите да ги вакцинираат своите деца кои подлежат на вакцинација. Сите кои имале контакти со болни, а не се вакцинирани или се со само една доза МРП може да го направат тоа во подршачното одделние на ЦЈЗ во Струга, апелира Сурлакова – Коровешовска.
Забележа дека по прогласувањето на епидемијата со морбили во Скопје дека се зголемил интересот кај родителите за вакцинација на своите деца со МРП вакцината.
По прогласената емидемија од морбили во Струга направена е дезинфикција во здравствените устабови, училиштата и детските градинки и забранета е посета на болните во болниците.