БИТОЛА

Во Битола интензивната градежна сезона непрекинато се одвива. Општина Битола непрекинато работи на довршување на веќе започнатите инфраструктурни проекти и изградба на нови.
Во изминатите десетина дена, на територијата на Општина Битола се реализирани четири големи инфраструктурни проекти, значајни за голем дел од жителите, во вредност од над 32.600.000 денари, средства од буџетот на Општината.
Деновиве завршија градежните активности за реконструкција на пешачката патека на Тумбе Кафе во должина од 538 метри со средства од Општина Битола во вредност од 5.304.304 денари. Во натамошниот период ќе следуваат дополнителни зафати за доуредување на оваа локација.
Во предвидениот рок заврши реконструкција на улиците Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа и Пробиштип со поставување мешана канализација, како и изведба на водоводната мрежа и поставување нов асфалт. Целосната реконструкција на овие две улици е во вредност од над 7,1 милиони денари.
Со инвестиција над 13.000.000 денари средства од општинскиот буџет, реализиран е и проектот за изградба на колекторски систем и нов коловоз во селото Буково.
Реконструкцијата на улицата Ѓорѓи Беќаров е во вредност од над 7.200.000 денари. За изведбата на овие четири инфраструктурни проекти од општинската каса се издвоени околу 500.000 евра.