Хотелот „Епинал“, кој од неодамна е во сопственост на наш иселеник, кој живее и работи во Австралија, комплетно е затворен. „Епинал“ не е затворен поради мерките на
Владата, туку поради тоа што тој целосно се реконструира.
Во првата фаза од реконструкцијата на „Епинал“ ќе биде комплетно реновиран депандансот на хотелот, каде во моментот работат бројни екипи на градежни работници. Во депандансот се рушат ѕидови и се спојуваат некои соби.
Соред информациите кои ги добивме од новиот менаџмент на хотелот „Епинал“, по реновирањето на депандансот подоцна ќе се реконструираат собите и во т.н. „кула“, кои досега не се користеа, како и големата сала за свадби и забави и терасата.
Според информациите кои ги добивме во реконструкцијата на „Епинал“ новиот сопственик ќе вложи неколку милиони евра, односно нешто поеќе отколку што тој плати за негово купување.
Со реконструкцијата на „Епинал“ Битола ќе добие хотел по светски стандарди, велат од менаџментот на хотелот. М.М.