Здружението на пензионери Битола почна со реализација на проектот „Грижа за здравјето на старите лица“ финансиски поддржан од Општина Битола, од Програмата за социјална заштита за 2021 година.
Едукативните работилници имаат за цел подигнување на свеста на пензионарите за активно и здраво стареење, со предавачи и лекари специјалисти.
Едукативните работиници почнаа со одржување во село Новаци и Битола и ќе продолжат во наредниот период во Битола во клубот на пензионери. Работилниците ќе се одржуваат по пропишаните мерки за заштита на здравјето од коронавирусот. М.М.