Комисијата за финансии и буџет на Општина Битола на вчерашната седница донесе одлука да им се додели финансиска помош на над стотина граѓани. Помошта се движи од 3.000 до над 20.000 денари.
Инаку, според информациите од Комисијата за финансии и буџет бројот на битолчани кои бараат финансиска помош од Општината од година во година постојано се зголемува, така што според некои анализи моментно нивниот број изнесува над 800.
Битолчани најчесто бараат помош за лекување, плаќање на сметки за исклучена електрична енергија, комуналии, а тоа што посебно загрижува е што се поголем е бројот на тие кои бараат помош да се прехранат.
Општината Битола во рамките на своите можности секоја година издвојува средства за помош на таквите категории граѓани. M.М.