Играчите на лото во Кичево не можат да се пожалат на лошата среќа, бидејќи за неполн месец главната награда на лото ја добива граѓанин на Кичево. Во последното коло среќниот добитник ја освои наградата од 11.500.000 денари и допрва му претстои да планира за што ќе ги потроши парите.
Вака високи добивки во Кичево се случуваат по половина век, кога жител на овој град бил добитник на највисоката награда на лотаријата на поранешната држава. Последните големи награди ги поттикнаа жителите на Кичево, почесто да ги посетуваат уплатните места за и нив да ги послужи среќата како нивните сограѓани последниов месец, рекоа вработените во една трафика во градот под Илиница, каде што актуелна тема се високите награди на лото. З.А.