Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, како што беше најавено попладнево првпат оствари средби со граѓани.

Градоначалникот Јовчески заедно со вработените ги сослуша барањата и потребите на прилепчани и посочи дека со општинската администрација ќе се трудат во рамките на своите надлежности да им излезат во пресрет на граѓаните.

Средбите ќе продолжат и во иднина се со цел да се слушнат потребите на граѓаните велат од општина Прилеп.

Ка.М.