Во атарот на село Вранештица, Кичевско вчера во доцните попладневни часови избувна пожар кој поради ветерот и сувата вегетација се рашири кон шумскиот појас.
Поради интензитетот на огнот, пожарот се спушти и до крстосницата помеѓу селата Вранештица и Атишта. Екипи на ТППЕ Кичево интервенираа на опожарениот дел, но поради непристапноста на теренот не беа во можност целосно да го локализираат.
Денеска се очекува екипи задолжени за вакви непогоди да интервенираат и истиот да биде локализиран.
И овој пожар како и многуте претходни се предизвикани од човечка негрижа и покрај сите апели да не се пали оган на отворен простор, посебно во сушни периоди како што е оваа пролет.
З.А.