Во недела 29 јули Планинарско еколошкото друштво „Ендорфин“ од Кичево, во спомен на својот прерано починат член, другар и пријател Сашо Костадиноски, го организира вториот меморијален планинарски марш на планината Гољак. Предвидено е искачување на Вели Врв, највисоката кота на оваа средно висока планина, која ги раздвојува селата во Копачијата и Бржданска Река.

-Во недела 29 јули нашето планинарско друштво го организира вториот меморијален планинарски марш во чест на прерано починатиот наш пријател и колега Сашо Костадиноски. Маршот ќе започне од старото село Брждани во 7 часот наутро и групата ќе се движи по обележана планинарска патека, која во поголемиот дел поминува низ дабова и букова шума.Пристигањето на врвот се планира за во 11 часот по изминати околу 7 километри пат. Во 12 часот планирано е враќање на групата назад по истата патека или се очекува маршот да заврши околу 15 часот –истакнуваат од планинарското друштво.

Водичите на маршот апелираат до учесниците на истиот да ги почитуваат нивните препораки и насоки и да ја чуваат животната средина. Секој што нема да се придржува на препораките може да биде исклучен од маршот. Водичи на неделната акција се: Давор Јанкулоски, Зоран Маџоски, Мирослав Секулоски и Горан Стаматоски.

З.А.