Со врачување на четвртономевриските признанија синоќа во Народниот театар во Битола беше одбележан 75 роденден на Битола.
– Во денешницава, која врие од популистички реторики, во мене останува желбата, жарот да се постигнува, а не да се победува другиот. Велат, добар морнар не се бидува во мирни води, затоа секој нов предизвик независно од каде доаѓа, наликува на судбината на даб што непокорно пушта корени само за да ги надживее олуите. И како водата која тече и човекот кога оди понатаму се чисти, со љубов за Битола нека продолжи нашиот од. Во овие две години покажавме дека нема невозможно, дека сѐ е
прашање на желба, на волја, на верба, на работа. Покажавме дека поместувањето на камења се вградува во поместените планини. Наследениот товар за изградба на Национален објект со општински буџет како стадионот, не нѐ обесхрабри. Вложивме над 1.300. 000 евра во него, наспроти дотогашните 140. 000 и со тој товар успеавме да вложиме досега во инфраструктурата средства од над 4,5 милиони евра само од сопствен буџет. Се соочивме и со низа наследени извршни решенија, кои не само што ги исплативме, туку и го стабилизираме буџетот за да денес дополнително веќе имаме потпишани договори за следни изведби со обезбедени финансиски средства. Она што некому му изгледаше нереално заврши со реално враќање на претходно излеаните средства од општинскиот буџет во висина од 113 милиони денари со умешна иницијатива и работа, но и дослух од централната власт. Само за една година, и покрај сите субвенционирања и рефундирања поврзани за превозот, имаме заштеда од над 69.000 евра. Ете затоа можеме да зборуваме дека 240.000 евра беа возможни и тоа од општинскиот буџет, директно да ги насочиме кон набавка на еколошки превозни средства за што техничката спецификација е веќе подготвена. По 15 години, пожарникарите добија нова опрема, а деновиве, по децении треба да пристигне и новото противпожарно возило. Моментно само од проектите со прекугранична соработка се тековни активности со вредност од околу 2 милиони евра, поддршката на бизнис заедницата, е со средства од над 250 000 евра. Сето ова дава дополнителен мотив за нови достигнувања – истакна во својот говор градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
По нејзиниот говор на годинашните добитници на нагарадат 4 Ноември им беа врачени признанија. Годинашен добитник на највисокото општинско признание за животно дело е актерот, екс-директор на Народниот театар на Битола и поранешен министер за култура, Благоја Стефановски-Баге. Покрај наградата за животно дело, годинава беа доделени и седум едногодишни признанија за поединци, установи и стопански субјекти.
Едногодишни признанија добија Марија Младеновска- Димитровска, психолог во СТУ „Таки Даскало“, Васко Михалчев – пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, педагогот Ѓорѓи Лазаревски, д-р Јасмина Буневска Талевска, печатницата „Киро Дандаро“, Марија Росенгрен – битолската Мајка Тереза, градинката „Мајски цвет“. На свеченоста општината Битола награди петмина ученици од основните и средните училишта во градот, кои покрај дипломи добија парични награди од 5.000 денари. Во името на сите наградени се заблагодари добитничката на едногошна награда Јасмина Буневска – Талевска.
Во музичкиот дел на програмата настаопи групата „Фонтана“, која со своите изведби ја воодушеви публиката во салата.
М.М.