На факултеот за информатичко општество во Битола денеска беа врачени највисоките општински признанија, нагрдата „4 Ноември“.

Годинашната награда на Општината Битола за животно дело му припадна на битолскиот композитор и текстописец, авторот на антологиската песна „Ако одам во
Битола“, Петар Георгиев-Калица.

Покрај големата плакета, на добитникот на признанието му беше доделена и парична награда во износ од 60.000 денари.

Петар Георгиев-Калица, ианку адвокат во пензија, се прослави со песната „Ако одам во Битола “за која ја напиша музиката и текстот, а првпат ја изведе Октетот Македонија.
 
Покрај анталогиската песна, Георгиев има напишано и голем број други песни за разни музички фестивали.

Управниот одбор за доделување на највисокото општинско признание одлучи годинава да додели и 5 награди за едногодишни остварувања.

Добитници на наградата за едногодишните остварувања се познатиот битолски неврохирург, доцент Владимир Рендевски, Македонското научно друштво Битола, продуцентот и организатор на манифестацијата „Незаборав“ и сатиричниот весник „Без навреда“, Панде Димитровски, директорката на детската градинка „Естреја Овадија Мара“, Лидија Твирст Митревска и ракометната судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

М.М.