Со ограничена брзина на 40 километри на час и по една лента ќе се одвива вечерва од 23:00 до 00:00 часот сообраќајот во тунелот 1 – Демир Капија, на патниот правец Гевгелија – Скопје, соопшти АМСМ.
Причина за промена на сообраќајниот режим е санирањето дефект на дел од опремата во тунелот.