Во општините Кичево,Македонски Брод и Пласница на единствениот избирачки список се запишани вкупно 60 314 избирачи од кои 50 195 се во Општина Кичево, 5 152 Македонски Брод и 4 967 во општина Пласница. Сите избирачки места во трите општини се отворени во 7 часот и гласањето се одвива без прекин.
– Во нашата општина до 11 часот својот глас го дадоа 3 072 избирачи или 6,12 проценти,што бележи одредено зголемување, во однос на првиот пресек во 9 часот, кога од вкупниот број на гласачи беа излезени само 1,77 проценти или 888 избирачи. Засега се тече во најдобар ред и очекуваме до крајот на овој работен ден гласањето да протече во најдобар ред – вели Мире Ночески од ОИК за општина Кичево.
Во општина Македонски Брод до 11 часот на гласачките места излегле вкупно 420 избирачи или 8,2 проценти од запишаните граѓани на единствениот избирачки список.Излезеноста во оваа општина е највисока споредено со останатите две општини во регионот.
Во општина Пласница до 11 часот својот глас го дале 164 избирачи или 3,3 проценти, што е најмала излезеност во однос на соседните општини. З.А.