Со полагање на цвеќиња на спомен обележјето, постројување на единицата „Мирче Ацев” во Прилеп беше одбележана 76-годишнината од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев.

Во присуство на полковник Емини Бесник, заменик командант на Првата механизирана пешадиска бригада, на градоначалникот Илија Јованоски, на бројни гости, на свеченоста говореше потполковник Ѓорѓи Василевски командант на артилерискиот баталјон, кој најпрво потсети на животниот пат на херојот, за потоа да посочи за задачата на АРМ.

-Нашата задача е да ја браниме и одбраниме Р. Македонија и нејзините граѓани. Достоинството и гордоста на граѓаните на Р.Македонија се мерат со почитта кон сопствената Армија која го штити тој народ по цена на својот живот, а таа доверба е голема и ние тоа премногу го цениме- рече потполковник Василевски.

Годишнината од смртта на народниот херој ја одбележа и гимназијата „Мирче Ацев” со полагање цвеќиња на Алејата на народните херои и вечерва со пригодна свеченост.

Ка.М.