Синоќа во приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола, се породи првото бебе во вода, метода која за првпат се применува во било која болница во Македонија.
Мајката е од Битола, а ова е нејзино прво дете, кое е женско. Мајката и детето се во одлична состојба.
Ова е огромен успех за тимот на болница „Плодност“, кој после бројните обуки надвор од државата, имаше можност оваа метода да ја примени за првпат и во Македонија.
Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број
предности: топлината на водата го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување.
Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките за заемна работа.
Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот. Болница „Плодност“ следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата, целосно се подготви за примена и на
овој вид алтернативно породување, преку стручната наобразба на својот персонал и техничките можности и капацитети.
М.М.