Општината Битола ќе набави еко-автобуси. Поради ваквата одлука на денешната седница беше повлечена одлуката на Советот за кредитно задолжување на општината во висина од еден милион евра за купување четири еко-автобуси.
– Наместо средства од кредит ќе користиме сопствени средства. Веќе е завршена набавката и во тек е испораката на два минибуси со околу 21 седиште, за уште два автобуси ќе биде за брзо распишана набавка и со ребалансот на буџетот ќе бидат обезбедени уште два минибуси. Целиот тој возен парк кој ќе го направи ќе влезе во новото регионално јавно претпртијатие за превоз за кое донесовме одлука. Значи не го користиме кредитот, туку ќе користиме сопствени средства и затоа ја повлекуваме одлуката за задолжување на општина Битола, која што ја донесовме како Совет – изјави претседателот на Советот, Валентин Груевски.
Неодамна Советот на општината Битола донесе одлука за формирање на регионално јавно претпријатие за превоз на ученици и другите граѓани, во кое покрај Битола ќе партиципираат и општините Новаци Могила.
М.М.