Да се рестартира некогашното Детско одморалиште на Беровско езеро и да се поддржат успешните локални бизнисмени, побара градоначалникот Звонко Пекевски од министерот за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ.
– Ги напоменав директните мерки со кои ќе се помагаат локалните бизниси како инвестиции за сертификати за извоз, саеми, плати, опрема, хала во вкупен најголем можен процент до 50 отсто, или по 10 проценти за секоја предвидена мерка, рече Шапуриќ.
Според него, од развојот на локалните компании зависи идниот економски развој на земјата, а Владата има силна желба истите да ги подржи. На состанокот се разговараше и за мерката за намалување на придонесите од плата, со цел зголемување на нето платниот износ на работниците на подрачјето на општина Берово, како оддалечено место од главниот град.