АД ЕЛЕМ се свесни за состојбата со Охридското Езеро и ги преземаат сите мерки за да се намали нивото на водата.
Хидроелектраните на АД ЕЛЕМ во моментов, но и подолг период наназад работат со максимален капацитет.
Проценките на ЕЛЕМ се дека во рок од еден месец нивото на езерото ќе се спушти под 693.75 мнв, што е дозволена кота за година со високи води, како што беше оваа, велат оттаму.
Од АД ЕЛЕМ велат дека во моментов водотеците веќе се смируваат и се намалуваат и оти веќе се создаваат услови за позабележително намалување на котата.
Жители и хотелиери од Охрид денеска побараа итно намалување на нивото на водата на Охридското Езеро, во спротивно се заканија со правни мерки.