Угостителски комплекс Етно село Тимчевски што се наоѓа на само дваесетина километри на патот од Куманово кон Крива Паланка прослави 10 години успешна работа од своето постоење со што испиша една успешна приказна како во кумановското така и во македонското угостителство.

На прославата присуствуваа бројни гости, а притоа, во знак на благодарност за најуспешните од компанијата но и за сите оние кои на било каков начин биле успешни соработници со компанијата беа доделени признанија во вид на благодарници и плакети.

Пред присутните гости се обрати сопственикот на компанијата ГоранТимчевски, кој притоа се обиде да открие која е тајната на нивниот успех.

-За денес да бидете успешен угостител но и да опстанете што подолго на угостителската сцена во нашата држава пред се е потребна голема посветеност и професионалност и многу многу напорна работа. Сепак, мислам дека најважно од се е секогаш угостителот пред гостите да биде расположен и со задолжителна насмевка на лицето – рече меѓу другото Тимчевски.

Т.Д.