Турската агенција за соработка и координација „ТИКА“ и општина Охрид денеска ќе потпишат протокол за соработка за градежни активности и опремување на новата училишна зграда на основното училиште „Братство и единство“ во Охрид.
На потпишувањето на документот најавено е присуство и обраќање на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски и претседателот на ТИКА за Балканот и Источна Европа, Махмут Чевик. Ќе биде презентиран проектот за новата училишна зграда, а планирана е и посета на стариот објект на училиштето.