Ќе се гради и фекална канализација на улиците

Прилеп

Привршуваат работите за реконструкцијата на улиците во населеното место Големо Коњари, каде што во завршна фаза е асфалтирањето на приоритетните 1.200 метри од патната инфраструктура. Остануваат да се асфалтираат уште 1.800 метри, кои ќе се покријат со асфалт во наредниот период, затоа што на тие улици сѐ уште нема фекална канализација.

– Токму за тие улици, во тек е подготовката на тендерската документација за изработка на секундарна канализациска мрежа, во должина од околу 1.800 метри, со која ќе бидат опфатени околу 200 куќни приклучоци за домаќинствата. Веднаш по изведбата на фекалната канализација, ќе бидат асфалтирани и улиците – вели градоначалникот Илија Јованоски.

Првиот човек на Прилеп истакна дека со овие инфраструктурни инвестиции, општината го заокружува процесот на решавање на приоритетните проблеми и потреби на жителите од Големо Коњари, при што обезбедува пристап до канализација и асфалтирани улици за сите жители од населеното место.