Државниот архив Одделение Прилеп 65-годишнината од формирањето ја одбележа
со онлајн промоција на монографијата, „65 години Архив во Прилеп”, која се одржа
денеска. Со публикуваното дело се потврдува значењето на институцијата, која е столб на нашата историја, на нашиот идентитет и темел на нашата колективна меморија.
– Целта на монографијата е да ја информираме јавноста за историскиот развој на институцијата, за нејзиното значење, за задачите, надлежностите и постигнатите резултати во зачувување на архивскиот материјал и унапредување на архивската дејност. Архивот има голема улога во документирањето на настаните, за размена на информации и дигитализаџија на архивскиот материјал – рече Елена Чагороска, раководител на Архивот во Прилеп.
Архивот по 65 години постоење е подготвен за новиот предизвик за најмладата генерација архивисти, кои се спој на искуството и знаењето на претходните генерации,
како и за реализација на регионалниот центар за дигитализација. Ка.М.