Откако по неколкучасовните преговори менаџментот им вети исплати на заостанатите плати, како и платата за февруари, вработените на ЗК „Пелагонија“ го прекинаа штрајкот, кој денеска рано утрово го започнаа.
-Денеска се држеа преговори со синдикалниот одбор и договорено е со менаџментот платата да биде исплатена денес, или најдоцна утре – изјави финансискиот директор на ЗК „Пелагонија“, Павле Цветановски, според кој сите активности во производствениот процес во Комбинатот досега се одвиваат нормално, есенската сеидба е во целост завршена, набавени се семенски материјали и комплетно репроматеријали за пролетната сеидба, што дава индиција дека Комбинатот оди во добра насока – рече финансискиот директор на ЗК „Пелагонија“, Павле Цветановски.
Инаку ЗК „Пелагонија“, која вработува околу 600 работници по апсењето на
сопствениците инволвирани во случајот „Империја“ се најде во исклучително
тешка ситуација. Жиро сметката е блокирана, а долговите на Комбинатот само спрема
банките изнесува над 23 милиони евра. По блокадата на сметките, пред два месеца, постигнат е договор со доверителите и банките, ЗК „Пелагонија“ да продолжи да работи, но долговите да се исплаќаат според договорените рокови со доверителите.
М.М.