Ресен

Во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлука на советот, на подрачјето на општината Ресен дeнеска ќе се реализира првата фаза од терестичната дезинсекција. Запрашувањето од земја за уништување на комарците ќе се врши во периодот од 20 часот, со апаратура на УЛВ-ладно запрашување, поставено на пикап-возило, со претходница на друго возило, означено со ротациско светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на територијата на општината и крајбрежното подрачје, со посебен осврт на туристичките локалитети Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и селата Стење, Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово, Наколец.

Исто така ќе биде третирано и течението на реките Брајчинска, Кранска, Голема Река и колекторскиот систем во селото Езерани, подрачјата околу каналниот систем на територијата на општината Ресен, локалитети со застојни водени површини и сите урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Од општината упатуваат апел до пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Надлежните исто така напоменуваат дека во случај на појава на неповолни временски услови, како дожд или ветар, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.