фото Васка М. Младеновска

Доцна синоќа, или рано изутрина, засега непознати лица ја отстранија бистата на народниот херој Панде Кајзеро во Битола.

Бистата, која е поставена на спомен обележјето во дворот на колонијалната продавница во Месната канцеларија, била отстранета од споменикот и оставена на земја.

Засега непознатите лица, кои ја отстраниле бистата на излозите на продавницата и месната канцеларија испишале пароли со политичка содржина “Името е идентитет на човекот“ и “Бојкот на Референдумот“.

фото Васка М. Младеновска

Според жителите на оваа населба тие не знаат кој би можел тоа да го направи, но најверојатно настанот се случил по одржувањето на прославата на плоштадот “Гоце Делчев” по повод поканата за членство во НАТО, која ја организираше Владата на Република Македонија и на која присуствуваше премиерот Зоран Заев.

М.М.