ГЕВГЕЛИЈА

Општина Гевгелија достави забелешка по проектот за возниот ред, за 2021/2022 година, до Железници. Забелешката е од патниците, односно студентите, учениците и другите патници. Тие реагираат на тоа што рано поаѓа возот бр. 630, во правец на обраќање Гевгелија – Скопје, односно во 4.26 часот. Патниците бараат овој воз да тргнува малку подоцна, во периодот од 4.45 до 5:5 часот.
– Железници доставија проект за возниот ред до Општина Гевгелија, планиран и изработен врз основа на статистичките показатели на бројот и тековите на патници и врз основа на расположливите технички капацитети, со кои ЖРСМ Транспорт АД – Скопје располага. Граѓаните можат да доставуваат забелешки или нови предлози по проектот за возниот ред до 1 август 2021 година, по електронски пат, на следниве е-адреси: [email protected] и [email protected] или писмено на адресата ЖРСМ Транспорт АД – Скопје, Патнички сообраќај „3 Македонска бригада“ бб 1000 Скопје – информираат во Општината.
Со сегашниот возен ред, возови за релацијата Скопје – Гевгелија има во 6.23 и 16.55 часот, а за релацијата Гевгелија – Скопје, воз поаѓа во 4.26 и во 16.55 часот.