Во Куманово во последните десетина години стана масовна појава административните работници да одат покасно во пензија.

Како од државните така и од општинските институции бладарение на законот за работни односи кој во моментот е на сила,  доброволно и по своја волја административците си го продолжуваат работниот век за уште цели три години поради што во пензија мажите наместо на 64 години одат на 67, а жените наместо на 62 продолжуваат со работа со 65 години.

Додека вработените во индустријата и аграрот поради тешките услови во кои што работат едвај чекаат да заминат во пензија, административните работници од сите државни и општински установи, институции и претпријатија во Куманово  максимално го користат постоечкиот закон за работни односи и со мали исклучоци речиси сто процентно си го продолжуваат својот работен век за уште три години. Мотивот за продолжувањето на работниот век на оваа категорија на работници  е многу едноставен и единствен и лежи исклучиво  во лесните услови за работа и во високите плати  од кои што оваа категориј на работници несакат да се откажат по никоја цена.

Од ваквата масовна појава пак најголема штета трпат младите невработени  лица од Куманово од кои пред се оние со завршено високо образование кои со години чекаат работа при Заводот за вработување. Голем број на млади луѓе поради долгото чекање за вработување го изгубија трпението и си заминаа во странство.

Во врска со постоечкиот проблем многу граѓани на Куманово сметаат дека решението на проблемот лежи исклучиво во промената на постоечкиот закон од кој што во иднина најголем бенефит ќе имаат младите невработени лица, а ќе се намали и невработеноста во градот и државата.

Т.Д.