Фото: Нова Македонија / Архива

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 777 тестови регистрирани се 93 нови случаи на ковид-19 од кои 20 реинфекции, како и 14 оздравени пациенти. Во истиот период не се пријавени починати лица, информира Министерството за здравство.

Од новорегистрираните случаи, во Скопје се 52, Охрид 13, Битола, Кавадарци и Штип по 4, Прилеп 3, Куманово, Тетово, Кочани и Ресен по 2 и Велес, Гостивар, Струмица, Берово и Македонски Брод по 1.

Меѓу регистрираните оздравени пациенти од Скопје се 4, Куманово и Кавадарци по 3 и во Битола, Прилеп, Велес и Кичево по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.074.909 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.252, бројот на оздравени пациенти е 303.410, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 520.