„Ре-медика“, првата приватна општа болница, ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во големиот пожар во Кочани.
-Изразувајќи надлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите, со желба за брзо опоравување на повредените, веднаш, на Министерството за здравство им ги ставивме на располагање нашите капацитети – изјави проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на болницата.
Од болницата информираат дека во овој момент таму нема сместени повредени во пожарот.