Фото: Горан Анастасовски

Над две децении раст и развој на првата приватна општа болница

Традиционално, со хумана акција, „Ре-медика“ го одбележа својот 21. роденден, организирајќи крводарителска акција на Светскиот ден на здравјето, 7 април, во соработка со Црвен крст, општинска организација Гази Баба.
Роденденот на болницата, која 21 година е дел од приватното здравство во Македонија, и годинава помина во знакот на солидарноста. Вработените и граѓаните заеднички даруваа крв, покажувајќи дека грижата за пациентите не завршува со медицинската услуга, туку продолжува и како општествена одговорност.

Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски

Во изминатите 21 година, „Ре-медика“ изгради препознатлив здравствен систем базиран на современа технологија, високостручен кадар и континуирани инвестиции. Болницата постојано ги проширува своите капацитети и воведува нови услуги, следејќи ги современите медицински трендови и потребите на пациентите.
Токму и за оваа година се реализираат нови вложувања и се унапредува понудата со дополнителни дијагностички и терапевтски услуги, со цел уште поквалитетна и поефикасна здравствена грижа.

-Зад нас се 21 година успешна приказна, изградена врз посветеност, континуирани инвестиции и постојано унапредување на здравствените услуги. Успешниот раст и развој е резултат на добро избран и профилиран тим на професионалци, секој во својата област. И оваа година продолжуваме со нови вложувања и воведување современи медицински решенија, следејќи ги потребите на пациентите. Континуираниот и стабилен пораст на бројот на пациенти е најсилна потврда за довербата што ја градиме сите овие години и обврска да продолжиме со уште повисоки стандарди во здравствената грижа – изјави Елица Јорданова, генерална директорка на „Ре-медика“.

Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски

Од болницата посочуваат дека континуираниот раст на бројот на пациенти, кој бележи стабилно зголемување од година во година, е директен показател за квалитетот и довербата што ја имаат граѓаните. „Ре-медика“ го потврдува својот пристап – здравството како професија, но и како вредност што се живее.

-„Ре-медика“ е повеќе од болница, тоа е место каде што медицината се среќава со човечноста. Кај нас, грижата не значи само дијагноза или интервенција, туку и внимание, емпатија и посветеност кон секој пациент. Со врвна технологија, современи протоколи и искрен пристап, веќе 21 година ја градиме Вашата доверба – вели проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на болницата.

Денеска 8 години од отворањето бележи и „Данеа фарм“, атпеката во состав на болницата.

Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски

Основана на 7 април 2005 година како прва приватна општа болница во Република Македонија, „Ре-медика“ од самиот почеток го донесе концептот на современо болничко работење според светски стандарди. Денеска, како модерна и технолошки опремена установа, со врвен медицински тим обезбедува здравствени услуги според најсовремените медицински протоколи, следејќи ги потребите на пациентите и развојот на медицината.

Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски
Фото: Горан Анастасовски