Фото: Дејан Коцев

Фотографијата „Разгледница“ на авторот Дејан Коцев е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.

– Фотографијата е направена на едно мое скоро кратко патување до Охрид со цел да се најде мир и спокој и да се побегне од секојдневниот динамичен живот што го живееме а нема подобро место да се почне денот на изгрејсонце со прошетка по охридското крајбрежје со камерата во рака. Беше едно магично утро со идеални временски услови за доловување на овој момент. Оваа фотографија ја нареков Разгледница – вели Коцев.

Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

Фото: Дејан Коцев

📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.