Фото: Пиксабеј

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово регистрираше земјотрес 100 километри јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 3 часот и 22 минути со Рихтерова локална магнитуда 2,6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.

Претходно, вчера околу 21 часот на истото подрачје беа почувствувани уште два земјотреси со слична јачина.

Почувствувани два земјотреси во Охрид, Струга и Ресен