Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, овој протокол ја отвори врата на Албанија за почетокот на преговорите, а нашата ја затвори.

– Тој протокол ја отвори вратата за преговори на Албанија а ја подзатвори за Македонија, бидејќи како што и самата Генчоска кажа, вистинската меѓувладина конференција нема да се одржи сега, туку таа ќе се одржи веднаш после промената на Уставот – рече Мицкоски денеска при посетата на новиот парк во Гази Баба во одговор на новинарско прашање.

Мицкоски потврди дека промена на Устав нема да се случи, а за тоа како што рече, гарант е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи власта нема две третини во Парламентот.

-Во однос на реципроцитет, еве ќе во дадам пример. Генчоска ни даде пример дека не го признава македонскиот јазик. Дали ние реципрочно ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик? Генчоска бара да бидат Бугарите дел од прембулата и од нормативниот дел во Уставот, а истовремено бара ние да се откажеме од нашите Македонци во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет? Можам да редам уште вакви примери и во делот на историските факти и во делот на промена на учебниците. Во суштина, зборуваме за дипломатска капитулација или нокаут и отворена врата за преговори на Албанија а дополнително подзатворање на нашата врата – рече Мицкоски.