Почитувани читатели,
„Нова Македонија“ започнува нов проект со наслов „Гласот на револуционерите повторно се слуша!“.
Со овој проект започнуваме серија видеа посветени на македонските револуционери.
Преку нивните мисли и визии, сакаме да ги оживееме идеалите за кои се бореле – македонска држава, слобода, македонски јазик, достоинство… за да не потсетуваат на вредностите кои и денес се наши водилки.
Тоа ќе бидат серија куси видео-клипови на „оживеани“, колоризирани, оригинални фотографии на нашите дејци, со помош на новите технологии, на кои им претходеше наше долготрајно истражување низ историските архиви, за да обезбедиме што поголем степен на автентичност.
Следете нè, секој понеделник и четврток ќе објавуваме ново видео.

Денес го објавуваме првото видео од серијата – зборовите на Гоце Делчев.
Тие зборови и денес звучат како силен повик за единство и верба во нашата Македонија.
Нека одекне гласот на нашите револуционери и денес!