Претседателот Стево Пендаровски, по повод националниот ден на Србите во Македонија, денеска ги прими претставниците на организациониот одбор за одбележување на празникот Свети Сава и нивните гости: Никола Селаковиќ, министер за надворешни работи на Република Србија, Жељка Цвијановиќ, претседател на Република Српска, академик д-р Славенко Терзиќ, како и амбасадорите на Република Србија и Босна и Херцеговина во нашата држава, Невена Јовановиќ и Драган Јаќимовиќ.
Честитајќи им го празникот, претседателот Пендаровски истакна дека српската заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество и заедно со другите народи во заедничката татковина придонесуваат во градењето на нашето демократско општество.
Претседателот Пендаровски со своите соговорници разговараше и за можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес.