Претседателот на државата Стево Пендаровски и неговото семејство денеска на пункт на Црвениот крст на Македонија донираа производи за помoш на населението во Турција и во Сирија погодено од катастрофалниот земјотрес.
-Денеска дониравме храна, средства за хигиена и облека за настраданите лица од земјотресите во Турција и Сирија. Во овие тешки денови, хуманоста и солидарноста што ја покажаа нашите граѓани е за секоја почит – објави Пендаровски на неговиот фејсбук-профил.

Во својата објава претседателот го напиша и телефонскиот број 143 400 на кој македонските граѓани може да донираат 100 денари за промош на настраданите.