Фото: Дарко Андоновски

Според тоа што го навела Каракамишева во барањето, повредено е правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата од член 110 од Уставот, гарантирани со меѓународни документи

Во Уставниот суд денеска на седница ќе се разгледува иницијативата на професорката Тања Карамишева за Преспанскиот договор.
Во соопштението кое беше објавено од Уставниот суд се наведува дека на дневен ред е ставено „Барањето за заштита на слободи и права“ .

Според тоа што го навела Каракамишева во барањето, повредено е правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата од член 110 од Уставот, гарантирани со меѓународни документи.

-Подносителката смета дека повредата на горенаведените права била направена со дејството потпишување на поединечен акт, односно потпишување на „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните склучена во Преспа (Нивици) Грција на 17.06.2018 меѓу „Првата страна“ Грција претставувана од министерот за надворешни работи Никос Косијас и „Втората страна“ (безимена држава) претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров-се вели во соопштението од Уставниот суд.

На дневен ред во Уставнот суд се и три иницијативи од кои едната се однесува на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 3 04 блок 04.02 во Општина Карпош – Скопје донесена на крајот на 2020 година.

Втората се однесува на „заштита од дискриминација“ за граѓани да можат сами правно да се застапуваат пред нотар или суд. Третата иницијатива ја поднел Синидкатот на полицијата во Велес, со која бара да се поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на членот 338 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

По овие иницијативи и барање денеска на седница ќе дебатираат пет судии откако на 14 јануари му истече мандатот на уставниот судија Јосиф Јосифовски. За да може да функционира судот е потребно двотретинско мнозинство, односно вкупно 6 судии, затоа што судот носи одлуки со најмалку 5 гласа „за“ . Тоа значи дека со помал број на судии за одредени прашања може да има проблем во носење на одлуки.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска предупреди дека со неизбирањето на нови судии ќе се предизвика дисбаланс меѓу евентуалниот напад врз уставниот поредок и заштитата на истиот од страна на судот.