Фото: Принтскрин

Бројките за семејното насилство во државава се загрижувачки и потребно е темелно решение со цел намалување на бројот на жртвите – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Факт е дека семејното насилство постои и е секојдневен криминалитет кој ни се случува во Македонија а свесни сме дека огромен број од евидентираните настани во прва фаза, во втора не се процесуираат, бидејќи жртвите се повлекуваат најчесто од прогон. Лично сметам дека и тоа како треба да се фокусираме на промени во овој дел, да ги процесуираме на поинаков начин овие постапки затоа што навистна загрижувачки е фактот од аспкет на бројката на криминалитет поврзнаи со семејсното насилство мораме да го решиме темелно – посочи минситерот по средбата со литванскиот колега во Скопје.

Додаде дека семејното насилство не може да се искорени, но дека може да се најде начин како бројот на жртви да се намали.

Министерот исто така, одговорајќи на новинарско прашање истакна дека е задоволен од работатата и резултатите кои ги дал Одделот за внатрешна контрола во изминатата година.

Тошковски рече деке согласно ресурсите со кои располага Одделот има простор и за унапредување, односно професионализација.

-Резултатите од Одделот за внатрешна контрола не се споредуваат со оние од пред нашето доаѓање на власт. Бројките и тоа како се зголемени, но од аспект на зголемени контроли, пријави, известувања до јавно обвинителство. Генерално гледано Одделот за внатрешна конторола ја развива разликата на како треба во споредба со претходно како не требало. Исклучително сум задоволен како Оделот за внатрешна контрола ја работи својата работа изминатава година дена. Согласно ресурсите со кои располага и тоа како има простор за унапредување на професионалиацијата во рамки на работењето во Одделот на внатрешна контрола – изјави Тошковски.

Додаде дека со измените на новиот Закон за внатрешни работи и новиот Закон за полиција се овозможувало и мултилитерална сораборка со останатите полициски служби како од Балканот, така и од Европа со што се зголемувал професионалзимот во работењето во рамки на идните контроли и дејствија.

Посочи дека во иднина Министерството ќе биде фокусирано и посветено на професионализација во рамки на работењето на Одделот за внатрешна контрола.