Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.