Фото: Принтскрин/Јутјуб

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски е прогласен за виновен и е осуден на една година и шест месеци затвор, но казната му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело, потврдија за МИА од Основниот кривичен суд Скопје.

-По изведените докази завршните зборови донесена е првостепена пресуда. Обвинетиот е огласен за виновен и определена му е условна осуда- велат од Судот.

Вангеловски во четвртокот е осуден за „злоупотреба на службената положба и овластување“.