Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања истакна дека нема интерес да се кандидира за лидер на политичката партија СДСМ.
– Во однос на информациите дека Алијанса за Албанците го побарала ресорот за здравство, Филипче рече дека се е во сферата на шпекулациите и дека фокусот моментно е на окрупнувањето на парламентарното мнозинство.
– Сега се е во сферата на шпекулациите. Преговорите се уште траат во делот на усогласувањето на политичките ставови. Сега фокусот е на окрупнување на парламентарното мнозинство, изјави Филипче, додавајќи дека ставовите ќе бидат соопштени по денешниот состанок на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.
Партиските органи на СДСМ ја прифатија оставката на Заев, а новиот претседател на партијата треба да биде избран на 12 декември.