Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честиташе победата на новиот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Шефот на Северноатлантската алијанса преку Твитер му честиташе за победата.
-Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам за вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО- напиша Столтенберг.
Congratulations @SPendarovski on winning the presidential elections. Looking forward to working with you on welcoming North Macedonia as #NATO’s 30th member.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) May 6, 2019