Опозицијата најмалку може за тоа да наоѓа замерки, бидејќи тие не покажаа став за ниту едно клучно прашање за иднината на земјата, пишува на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Опцијата која тие ја претставуваат секогаш била опција која ставала сопка или нов нож во грбот на својата држава – наведува Спасовски.
Во однос на актуелното раководство, тој вели дека кога СДСМ ја презеле власта одлучиле храбро да ги решаваат проблемите, наместо да владејат популистички.
– Влеговме во НАТО како Македонци, зборуваме на македонски јазик, тој е официјален јазик во НАТО алијансата, а со многу посветеност, пожртвуваност и храброст ќе ги отвориме и преговорите за членство на ЕУ и ќе станеме Европска Македонија како Македонци, со македонски јазик и таму ќе се говори македонски јазик – наведе Спасовски.