Пратениците денеска треба да гласаат за законот за јавно обвинителство, законот за одбрана и за законот за Советот на јавни обвинители. По гласањето на законите треба да се одржи последната седница на овој пратенички состав. Ако се оди по планот, Собранието треба да се распушти и да се распишат предвремени парламемнтарни избори.
Неизвесно е дали ќе бидат обезбедени потребните 80 гласови за законот за ЈО. Алабнските партии – ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса, најавија дека ќе дадат поддршка.
На 12 април треба да се одржат предвремени парламемнтарни избори.