Партиското раководство на владејачкиот СДСМ одлучи по 3 јануари, досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде технички премиер на местото на Зоран Заев.
Одлуката ја потврди Заев по завршувањето на седницата на ЦО, на која и претходеше и седница на Извршниот одбор на партијата.
Како што рече премиерот, тој ќе поднесе оставка на 3 јануари и изборите ќе се одржат во април.
Досегашната министерка за труд и социјална политика, Мила Цароска, ќе биде нов вицепремиер за економски прашања на местото на Кочо Анѓушев, кој си поднесе оставка.
Санела Шкриељ, шефица на кабинетот на Царовска, ќе биде дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика, додека Славјанка Петровска, која е шефица на кабинетот на Оливер Спасовски во техничката влада, ќе била поставена на функцијата дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.
Заев рече дека одлуките за четирите кадровски решенија биле донесени едногласно.