Еврокомесарот за проширување на Унијата, Јоханес Хан преку социјалната мрежа „Твитер“ порача дека ова се одлучувачки денови за Македонија каде претстои гласање за иднината на земјата.
-Ова се одлучувачки денови за Македонија. Пратениците ќе гласаат за историскиот Преспански договор што ги отвора вратите на земјата за евороатлантската интеграција. Ова е гласање за иднината на земјата и позитивните перспективи за граѓаните – напиша Хан на „Твитер“.
These are decisive days f. the former Yugoslav Republic of #Macedonia. MPs will vote on the historic #Prespa agreement which opens the door to the country’s #euroatlantic integration. It is a vote about the future of the country + positive perspectives for its people. 1/1
— Johannes Hahn (@JHahnEU) October 19, 2018