По средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, претседателот на опозициската партија кажа дека разговарале за три теми – предлогот за технички министер на МВР, останатите предлог решенија на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада и можноста за промена на изборниот модел, темa која ја иницирал премиерот Заев.
Во однос на техничкиот министер за внатрешни работи, Мицкоски не го откри неговото име иако во медиумите веќе се пишува дека станува збор за Драган Ковачки. Сепак, Мицкоски рече дека станува збор за професионалец со импозантна биографија кој ќе претставува освежување на македонската политичка сцена. Името ќе биде соопштено откако во текот на вечерва ќе се слушнат со премиерот Заев за уште еднаш да се потврди предлогот, иако на средбата намало дополнителни прашања и забелешки околу истиот.
Во однос на останатите предлог решенија на ВМРО-ДПМНЕ за функционери во техничката влада, Мицкоски кажа дека ќе бидат соопштени во понеделник, а денеска на средбата со Заев побарал насоки за тоа каков профил очекува актуелната власт за кадри во техничката влада.
За прашањето за изборниот модел, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека по завршувањето на овие избори се подготвени да седнат и да разговараат за промена на изборниот модел и за отворени листи.
– Се надевам дека СДСМ како опозиција, а ние како власт ќе се договориме за промени на следните локални избори – кажа Мицкоски.