ВМРО-ДПМНЕ денес го изразува својот протест против незаконското трошење на пари на европските даночни обврзници кои што се наменети за образование и образовни проекти на македонските граѓани. Директорката Лидија Димова, кадар на СДСМ потрошила речиси 500.000 евра за тренинг на магаре, за испробување на сирење и за проекти со нејзиниот пријател кој што има фризерница.

Мислиме дека е многу неморално во вакво време на пандемија и би било многу посоодветно овие 500.000 евра да биле потрошени за помош на болницата во Струмица, на болницата во Битола и на болницата во Тетово за обука на персонал и за поддршка на овие болници во борба против пандемијата или во најмала рака овие 500.000 евра да биле потрошени за купување на 2200 компјутери за деца кои што не можат да ја следат наставата во овие кризни услови. И затоа сметаме дека одговорноста не е само кај Лидија Димова, туку одговорноста е кај тие што ја поставиле, нејзиниот шеф Зоран Заев како и нејзината пријателка Радмила Шекеринска – изјави Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, по однос на изјавата дека членови на Владата ќе ја повикаат да даде оставка или доколку не даде оставка дека ќе ја разрешат само би сакал еден краток коментар, дека се ова стари трикови на Владата на СДСМ која кога сака да прикрие корупција и незаконско трошење на средства го прави овој повик за оставки, а најдобар пример за тоа е еден поранешен пратеник за кого сите слушнавме како нарачува дрога, се направи притисок во јавноста да даде оставка. СДСМ тврдеше дека тој ќе одговара пред обвинителството никогаш никој не поведе постапка.

– Вториот случај е поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за кого што видовме дека има и видео снимки како зема кеш пари и какви односи имал со фирмата Диамед, даде оставка и никогаш повеќе не видовме каков било случај од обвинителството.

Затоа сметаме дека повикувањето на оставки е само трик доколку би била искрена намера, СДСМ ќе треба да ги повика да дадат оставки и директорот на училиштето во Кавадарци кој што земал големи суми на средства околу 200.000 и неговиот брат-пратеник кој што е актуелен пратеник и висок функционер во СДСМ заради конфликт на интереси – додаде тој.