Денес во Собранието беше изгласан законот за Изборниот законик, кој претседателот Ѓорге Иванов претходно одби да го потпише. Заедно со овој закон, беа изгласани и закони за практиканство, финансиска поддршка на инвестициите, за влада и за спорт.
Претходно, законодавниот дом усвои и други закони кои претседателот Иванов ги врати, како што се законите за државните награди, за регистрирање на готовински плаќања, за извршување на санкциите за електронско управување и електронски услуги, за тутун, производи од тутун и сродни роизводи, како и за ратификација на Договорот со Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.